Во периодот од 26 до 28 мај во Охрид, по четврти пат се одржа Меѓународната конференција за регионално управување со отпад во организација на АДКОМ и ЈП Комунална Хигиена – Скопје, под покровителство на Министерството на животна средина и просторно планирање на Р. Македонија.
Компанијата ГЕИНГ Кребс Унд Кифер, во чиј состав е одделението за Заштита на Животната средина во координација со секторот Геотехника, зема активно учество со излагање на 2 стручни труда на следниве теми: “Можности за повторно користење на градежен отпад” (К. Богева; С.Калковалиева;) и “Методологии за пресметување на емисии на стакленички гасови од илегалните општински депонии” (И. Ристовски; О. Мицевска; Т. Митев; А. Павлов; И. Стефановска).