По повод успешното завршување на првиот циклус на обуки за енергетски контролори, кој го спроведе ГЕИНГ, во просториите на компанијата свечено беа доделени уверенијата за Енергетски Контролори. Им честитаме и посакуваме многу успех на колегите и соработниците кои се здобија со Уверение. Пријавувањето за вториот циклус на обуки е започнато и се одвива во континуитет. Доколку и вие сакате да станете обученЕнергетски Контролор, ГЕИНГ е Вашиот сигурен избор.