Конструктерството како дел од градежништвото вклучува статичка и динамичка анализа на конструкции како што се: мостови, брани, тунели, резервоари, згради, индустриски хали, потпорни ѕидови и слични инженерски објекти. Геинг како компанија која е позната по брзиот развој на речиси сите полиња на проектирање, се повеќе се развива и на ова поле. Во изминатиов период постојано технички напредуваше и јакнеше оставајки зад себе големо портфолио на проекти. Нашиот проектантски тим користи современи методи и техники за проектирање на градежни конструкции, при што развива квалитетни технички и економски оправдани решенија.
|
|
Услуги:
- Статичка и динамичка анализа на конструкции од високоградба и инженерски објекти
- Проекти за инженерски објекти
- Проекти за мостовски конструкции
- Проекти за објекти од високоградба
- Проекти за санација на објекти
- Проекти за санација на бетонски брани
- Проекти за челични конструкции
- Изработка на стручни мислења
- Ревизија на проекти од област на градежни конструкции
- Проектантски надзор
- Консултантски услуги
|