Во областа на градежништвото, геотехничкото проектирање се повеќе се наметнува како една од суштинските области во градбата на секој објект. Со оглед на тоа што интеракцијата помеѓу објектите и тлото во најголема мерка го дефинира однесувањето на објектот и неговата функционалност, во светот но и кај нас, се повеќе се потенцира значењето на геотехничкото проектирање. Геинг како компанија постојано го јакне својот потенцијал во оваа област преку зголемување на професионалните капацитет на проектантскиот тим и обезбедување на максимални услови за изработка на квалитетни проектни решенија. Како резултат на тоа, компанијата стана препознатлива како лидер во геотехничкото проектирање во државата.
|
|
Услуги:
- Проектирање на санации на свлечишта
- Проектирање на земјени брани и насипи
- Проектирање со употреба на геосинтетици
- Изработка на стручни мислења
- Ревизија на проекти од област на геотехника
- Проектантски надзор
- Консултантски услуги
- Проекти за подобрување на почви
- Проекти со примена на посебни видови на темелење
- Проекти за заштита и одводнување на градежни јами (примена на анкери, млазно инектирање, дијафрагми, колови)
- Проекти за заштита од ерозија
- Проекти за потпорни конструкции
- Анализи за стабилност на косини (вклучувајќи примена на анкери)
- Анализа на напонско - деформабилна состојба на почвени и карпести материјали
- Анализа на консолидација
|