За успешно реализирање на современите проекти, специфичните решенија и иновативните концепти клучна е изведбата на теренските работи. Затоа врвната експертиза во доменот на геотехничката оператива е незаменлива за успехот на целиот проект. Нашиот искусен експертски тим управува со опрема и дупчачки гарнитури со различни технички карактеристики кои овозможуваат изведба на дупнатини со различен пречник и длабочина, дупчење во различни геолошки средини (глина, песок, чакал, карпа итн.), како и изведба на инекциони работи. Покрај ,,класичните” геотехнички истражни работи, вршиме и изведба на разни хидрогеолошки работи (пиезометри, експлоатациони бунари, аерлифт, тестирање итн)
|
|
Услуги:
- Стандарден пенетрациски тест (SPT)
- Земање на пореметени и непореметени примероци од почвата за понатамошни лабораториски испитувања
- Мерење на ниво на подземна вода
- Геомеханичко истражно дупчење во почва и карпа со јадрување
- Геолошко истражно дупчење за минерални суровини со јадрување
- Хидрогеолошко истражно дупчење во почва и карпа со јадрување и вградување на пиезометарска конструкција
- Изведба на бунари за експлоатација на подземни води
- Одводнување на градежни јами
Опрема:
- Дупчачки гарнитури: ZIF 650 ,SKB 4, GAK 300 ,GRR 150 ,GDR 150 и GEO 305 со комплетна опрема за дупчење
- Опрема за снабдување со вода: FAP и ZIL
- Дополнителна опрема: опрема за снабдување на струја, компресори, потопни и муљни пумпи
- Инектирачка станица со комплетна опрема за инектирање
|