Растечките побарувања во однос на квалитетот, функционалноста и перформансите на проектните решенија, ја нагласуваат стратешката улога на геомеханичките истражни работи и испитувања кои служат како подлога за изработка на проектите. Нашата врвна стручност, посветеност во областа на геомеханиката, како и користењето на соодветна опрема управувана од високопрофесионален и искусен тим, обезбедуваат супериорен квалитет на услугите кои ги нудиме. Извонредна услуга е наш приоритет, задоволен клиент е наше ветување.скусен тим, обезбедуваат супериорен квалитет на услугите кои ги нудиме. Извонредна услуга е наш приоритет, задоволен клиент е наше ветување.
|
|
Теренски истраги:
- Геомеханичко истражно дупчење
- Ископ на истражни бунари / шлицеви
- Геофизички - сеизмички истраги
- Геомеханичко картирање на јадро
- Регистрирање и мерење на појава и ниво на подземна вода
- SPT (Динамички стандарден пенетрационен тест)
- CPT (Опит на статичка пенетрација), Теренски CBR-тест
- Метод на кружна плоча - Динамички и статички испитувања
- Определување на волуменска тежина - Метод на калибриран песок и Метод на балон
- Мерење на природна влажност
- Теренски опити за одредување на коефициент на водопропусност по методи на LeFranc и Lugeon
- Геотехнички надзор со подготовка на извештаи
Кабинетски работи:
- Изработка на геотехнички елаборати
- Ревизија на геотехнички елаборати
- Изработка на проектни програми за геотехнички проекти и елаборати
- Консултантски услуги
|