Одделението за геомеханички испитувања во склоп на Лабораторијата за испитувања на геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“ врши класификациони и специјализирани испитувања на почвени материјали за определување на физичко механички и деформабилни карактеристики на истите согласно меѓународни и национални стандарди и акредитирани методи.
Истата е предводена од високо квалификуван, обучен кадар кој континуирано вложува во надградба на стручните познавања посетувајќи едукативни обуки и вршење на едукации на вработените сè со цел успешно следење на современите технологии на пазарот, обезбедување на високо квалитетни резултати и исполнување на очекувањата на нашите клиенти.
|
|
Услуги: Испитувања и интерпретирање на резултати за:
- Определување содржина на вода
- Определување волуменска тежина
- Определување волуменска тежина на ситнозрни почви
- Определување гранулометриски состав
- Определување Атербергови граници
- Едометарски опит
- Опит на директно смолкнување
- Триаксијален опит
- Едноаксијална јакост на притисок на ситнозрни почви
- Определување водопропусност со константен и променлив притисок
- Методи за испитување на лабораториска збиеност и содржина на вода (Збивање според Прокторов опит)
- Определување Калифорниски индекс на носивост (CBR)
- Определување согорливи и органски материи
- Определување содржина на карбонати
- Точкаста јакост на притисок (PLT)
|