ДОВЕРБАта на нашите клиенти постојано ја потврдуваме со транспарентна и непристрасна работа на надзорните инженери. Во целост ги применуваме постојните закони и стандарди кои ја регулираат областа на градењето, безбедноста и заштитата при работа. Подршката која им ја даваме на нашите клиенти со примената на законите и стандардите, дава СИГУРНОСТ дека инвестицијата е заштитена во целост и дека истата ќе биде успешно заокружена со квалитетно и навремено завршување на градбата. Со ангажирање на ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Клиентите добиваат компанија со интегритет, која не прави компромиси во однос на сигурноста и КВАЛИТЕТот на градбата. Нашата ЕФИКАСНОСТ во работата значи голем и постојан притисок врз другите учесници во изградбата за нивно поквалитетно и поекономично работење. На нашите клиенти им нудиме независни и непристрасни услуги, кои овозможуваат идентификација на евентуални ризици при градбата, управување на тие ризици и со тоа НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКот, без разлика од каков профил е. Инсистираме сите учесници во изградбата да покажат одговорност за ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА и го намалат влијанието на градбата на животната средина.
|
|
Услуги:
- Надзор при изградба на објекти од нискоградба: патишта, пруги, тунели, хидротехнички објекти и системи
- Надзор при изградба на објекти од високоградба: здравствени институции, училишта, административни, трговски и станбени објекти, индустриски објекти, мостови
|