Во светот на геотехниката континуирано растат побарувањата, критериумите и стандардите. Тоа е свет кој забрзано се развива воден од предизвици, иновации и можности. Нашиот стручен тим е оспособен да одговори на современите потреби за геотехничкото проектирање. Реализираните проекти континуирано ја докажуваат својата вредност за клиентите. Нудиме комплетни инженеринг услуги во доменот на подобрување на тлото, решенија за заштита и одводнување на градежни јами, проектирање на темелни конструкции, решенија за стабилност на косини и насипи. Нашата понуда на услуги ја зголемивме со работа на проекти за санација на постоечки мостови и проекти за градба на нови мостови. Квалитетот на нашите решенија е осигуран преку употребата на најнапредните софтвери и технологии.
|
|
Услуги:
- Проекти за заштита и одводнување на градежни јами (примена на анкери, млазно инектирање, дијафрагми, колови)
- Анализи за стабилност на косини (вклучувајќи примена на анкери)
- Проектирање на санации на свлечишта
- Проекти за потпорни конструкции
- Статичка и динамичка анализа на конструкции од високоградба и инженерски објекти
- Проекти за мостовски конструкции
- Проекти за објекти од високоградба
- Проектирање на земјени брани и насипи
- Проектирање со употреба на геосинтетици
- Изработка на стручни мислења
- Ревизија на проекти од област на градежни конструкции и геотехника
- Проектански надзор
- Консултантски услуги
|