Цели
ДГПУ „ГЕИНГ“ ДОО во остварување на својата мисија е насочена кон спроведување и почитување на следните принципи и цели:
● Исполнување на барањата на ИМС, согласно барањата на стандардите ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001 и ISO 17025 и почитување на прописите и етиката од областа на квалитетот, заштитата на животната средина, безбедноста и здравјето при работа и лабораториските испитувања ● Исполнување и надминување на барањата и очекувањата на клиентите и заинтересираните страни и почитување на деловната етика ● Постојано следење и почитување на важечките законски прописи и барања ● Професионален однос со поддоговарачите и заинтересираните страни, исполнување на договорните рокови и обврски ● Воспоставување на ефикасна комуникација со сите заинтересирани страни со цел размена на информации поврзани со Интегрираниот менаџмент систем ● Континуирана едукација и пренос на знаења на вработените, зајакнување на одговорноста на вработените и почитување на начелата на колегијалност и тимска работа ● Посветеност на раководството и вработените за постојано подобрување на системот за управување со квалитет, здравјето и безбедноста на вработените, соработниците и посетителите, животната средина и превентивно намалување на потенцијалните несакани ефекти, како и испорака на квалитетни лабораториски испитувања ● Обезбедување на безбедна работна средина, безбедни работни места и безбедна опрема за сите вработени, преку континуирано подобрување на системот за менаџмент, отстранување на опасностите и намалување на потенцијалните ризици и консултација и учество на вработените и претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа ● Континуирано следење и намалување на влијанието врз животната средина од своето оперативно работење и управување со генерираниот отпад согласно законските барања ● Постојано подобрување на Интегрираниот менаџмент систем, преку анализа на потенцијаните ризици и можности за нивно решавање и подобрување на процесите ● Општествено одговорна компанија, следејќи ги светските трендови и непосредното опкружување
Реализацијата на дефинираните стратешки цели е преку имплементација на најдобри достапни техники и технологии, меѓународни стандарди и практики за квалитет, со современи методи за заштита на животната средина и конкретни мерки за безбедност и здравје при работа.
|
|
|