“ГЕИНГ ДОО Скопје” (ГЕИНГ) е основана за да изведува активности фокусирани на геотехничкиот и хидротехничкиот инженеринг, консултантство, трговија и други услуги. Крајната цел на ГЕИНГ е во испорачување комплетни решенија во сферите на градежништвото, геологијата и другите области на нашиот бизнис интерес. Компанијата ги превзема сите неопходни мерки за да ги снабди нашите клиенти со најдобри решенија и целосна сатисфакција, почитувајќи ги и воведувајќи ги најдобрите технолошки норми и правни мерки олеснувајќи го повратот на инвестициите. ГЕИНГ нуди професионална средина и просперитет на нашите вработени, применувајќи оптимални оперативни трошоци за време на реализацијата на активностите и континуирано зголемувајќи го профитот.
ГЕИНГ има почитуван, докажан и лидерски имиџ на македонскиот геотехнички и хидротехнички пазар, стремејќи се кон проширувајќи се на нови локални и регионални пазари каде можеме да им понудиме на нашите клиенти хај-тек и одржливи проект менаџмент решенија дизајнирани според нивните потреби и очекувања. Очекуваме дека овој пристап ќе не промовира како регионални лидери во сферите на нашата професионална експертиза. веруваме дека QA / QC пристап воден од нашиот Менаџмент и вработени ќе користи на компанијата и нашите клиенти.
ГЕИНГ има успешно имплементан Интегриран Менаџмент Систем од пет меѓународни стандарди: ISO 9001:2015 Систем за управување со квалитет, ISO 14001:2015 Систем за управување со животна средина, ISO 45001: 2018 Систем за управување со безбедност и здравје при работа и МКС EN ISO/IEC 17025:2018 за Лабораторијата за тестирање (Акредитирана лабораторија за испитувања за геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ“ ЛТ-026).