ГЕИНГ е професионална, мулти-дисциплинарна компанија која развива инженеринг решенија за комплексни проекти, обезбедувајќи економски развој, општествен напредок и одржливост на животната средина. Ние нудиме целосно интегриран, мулти-дисциплинарен пристап при имплементација на проекти, нудејќи инженеринг и менаџмент услуги во нашите главни области на активност, односно транспорт, енергетика, геотехника, хидротехника, животна средина и управување и постапување со отпад. Обемот на нашите услуги вклучуваат инженерски позиции и аспекти за целиот проектен циклус, почнувајќи од прелиминарни теренски истражувања и физибилити студии до проектна документација, тендерска постапка и евалуација, имплементација на проектот и надзор над изградбата. Покрај инженеринг решенија, нудиме и експертиза во развој на проекти, финансиска, правна и техничка поддршка и помош како и институционален развој и обуки.
|
|
Менаџмент:
- Управување со процеси и проекти
- Администрација и финансии
- Спроведување на проекти и одржување
- Мониторинг и евалуација
Подготовка на проекти:
- Физибилити студии и технички решенија
- Анализа на трошоци
- Социо-економска анализа
- Правна анализа
- Институционален развој и обука
- Оцена на влијанието врз животната средина
Инженеринг:
- Проектна документација
- Тендерски постапки и помош во доделување на договори
- Надзор над изградба
- Набавки и логистика
|