Со цел да се утврди состојбата во која се наоѓа мостот извршени се прегледи при што се регистрирани и фотографирани сите оштетувања на елементите од горниот и долниот строј на мостот. Констатирано е дека во изминативе години се вршени парцијални поправки на објектот, меѓутоа состојбата на истиот и понатаму е ризична, поради што мора да се санира и зајакне. Со цел да се утврди квалитетот на вградениот бетон во елементите се извадени и испитани поголем број проби од различни локации на мостот.
Основниот проект е составен од два дела и тоа:
• Проект на постојна состојба и
• Проект за санација и зајакнување на мостот.
Првиот дел од проектот е изработен со цел да се утврди фактичката носивост на елементите, а со тоа да се утврди и потребата од зајакнување на пресеците на истите. Во вториот дел од проектот е прикажан начинот на кој се врши тоа зајакнување. При тоа елементите се зајакнуваат со комбинирање на две мерки и тоа: зголемување на бетонските пресеци и зголемување на пресекот на арматурата.
При извршената контрола на носивоста на новите пресеци на елементите, констатирано е дека со зајакнувањето на истите е постигната бараната конструктивна сигурност на конструкцијата на мостот.
- 1
- 2
- 3