Документи: Пријава за оцена и потврда на постојаноста на својствата на градежни производи Правила на сертификација Регистар на издадени сертификати Сертификат за Акредитација Решение за именување на Тело за сертификација

|
|
Именувано Тело за сертификација на градежни производи од страна на Министерството за економија, со решение бр.18-4854/2. ТС ГЕИНГ е акредитирано тело за сертификација согласно МКС EN ISO/IEC 17065 од страна на Институтот за акредитација на Р.Македонија и поседува Сертификат за акредитација СТ-011. Согласно Законот за градежни производи (Сл. весник на РМ бр. 104/2015, 192/2015, 53/2016, 120/2018 и 150/2021) за хармонизирани и нехармонизирани подрачја, ТС ГЕИНГ на компетентен, доверлив и непристрасен начин ја оценува и потврдува постојаноста на својствата на градежните производи за систем на оцена 2+, во следниов опсег: Хармонизирано подрачје: - агрегати за бетон, согласно MKС EN 12620+A1:2009 - агрегати за асфалтни мешавини (битуменски мешавини и површински третман за патишта, аеродромски писти и други сообраќајни површини), согласно MKС EN 13043:2006, МКС EN 13043:2006 / AC:2006 - агрегати за неврзани и за хидраулички врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградбата на патишта, согласно МКС EN 13242+A1:2009 - агрегати за железнички товар (застор), согласно МКС EN 13450:2006; МКС EN 13450:2006 / AC:2006 - делкан камен, согласно МКС EN 13383-1:2006; МКС EN 13383-1:2006 / AC:2006
Нехармонизирано подрачје: - бетон, согласно MKC EN 206:2014+A1:2017 - бетон, согласно MKC 1016:2018+A1:2020
|