Одделението за испитување на агрегат, асфалт и бетон врши испитувања за контрола на квалитетот на градежните материјали и производи, при изградба на објекти од современата патна инфраструктура, објекти од областа на високоградба и фабричко производство на градежни производи.
Компетентноста и техничката оспособеност на Одделението за испитување на агрегат, асфалт и бетон е потврдена со акредитацијата, која е во согласност со барањата на стандардот MКС EN ISO/IEC 17025:2018.
|
|
Услуги:
- Утврдување на квалитетот на земјени и каменити материјали наменети за изградба на коловозни конструкции
- Спроведување на контрола на квалитетот на материјалните и работите при изградба на современата патна и железничка инфраструктура и високоградба
- Испитување на камен, битумен, асфалтни мешавини како и градежни производи наменети за вградување во сите категории на патишта и во сите врсти на аеродромски оперативни површини.
- Испитување на технички својства на агрегатот од природно потекло како составен дел од изработка на асфалтните и бетонски мешавини се една од значајните активности на ова одделение
- Изработка на рецептури за бетон
- Проект за бетон
- Испитување на арматурно железо
- Испитување на бетонска галантерија
- Испитување на тули и останати глинени производи
|