Лабораторијата за испитувања за геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ“ е правно-формална независна единица во рамки на компанијата ГЕИНГ ДОО Скопје. Лабораторијата „ГЕИНГ“ поседува современа опрема за изведување на класификациони и специјализирани испитувања на почвени материјали за определување на физичко-механичките и деформабилните карактеристики на истите, теренски контролни геомеханички испитувања, испитувања на градежни материјали и испитувања и мерења во животна и работна средина. Квалитетот на услугите во Лабораторијата „ГЕИНГ“ го докажува и имплементираниот Интегриран менаџмент систем од стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 45001:2018 и акредитацијата за компетентност на лаборатории за тестирање согласно МКС EN ISO/IEC 17025:2018 (Сертификат за акредитирана лабораторија ЛТ-026).
|
|
Услуги:
- Геомеханички лабораториски испитувања
- Теренска лабораторија
- Испитувања на градежни материјали и производи
- Испитувања/мерења во животна и работна средина
|