• English
  • Македонски
Обезбедување на квалитет
Примарна цел на Д.Г.П.У. „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и др.” Д.О.О (ГЕИНГ) е да биде лидер и најдобар испорачател на решенија од областа на гео и хидро техничкиот инженеринг како во Република Македонија така и на соседните пазари, преку насочување на својата активност кон навремени и квалитетни услуги и производи.
Нашите мултидисциплинарни проектни тимови секогаш ги анализираат разните опции и им нудат повеќе техничко – тешнолошки и финансиски решенија на  клиентите, со што се олеснува нивната определба и проектната имплементацијата. Сметаме дека таквиот пристап може да се обезбеди само преку квалитетна внатрешна контрола и раководење во рамките на организацијата. 
Во дефинирањето на својата деловна политика раководството на ГЕИНГ утврдува цели за квалитет, ги следи процесите на нивна реализација и донесува мерки за континуирано подобрување на квалитетот на услугите и производите.
Перманентното унапредување на квалитетот на услугите и производите со оптимални трошоци на работење е постојана задача на секој вработен.
Професионалното работење и посветеноста на раководството на ГЕИНГ  е изразена и преку постојаната грижа за едукација и оспособување на вработените. Со тоа обезбедуваме профит, ликвидност, а на вработените сигурност и подобар социјален статус.
Наши добавувачи се само добавувачите кои се способни да ги исполнат нашите барања во поглед на квалитетот и рокот на испорака.
При реализација на сите фази од процесите на работењето ГЕИНГ развива и усвојува еколошки прифатливи технологии и истовремено ја подига свеста за значението на заштитата и подобрувањето на животната средина.     
ГЕИНГ поседува сертификати за управување со квалитет ISO 9001:2008 и животна средина ISO 14001:2004. Во фаза е имплементација на меѓународниот стандард ISO 17025:2005 за акредитација на лабораторија за геомеханички испитувања.
 

Актуелности

Број на посети

84880 Посетители

kuk

Our mission is to provide optimal, cost- effective solutions for our customers. A look back over 50 years of Krebs und Kiefer shows that we have succeeded in achieving this aim in many projects in very different areas...

Обезбедување на квалитет







qulity policyПримарна цел на Д.Г.П.У. „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и др.” Д.О.О (ГЕИНГ) е да биде лидер и најдобар испорачател на решенија од областа на гео и хидро техничкиот инженеринг како во Република Македонија така и на соседните пазари...  читај повеќе

Контакти

Д.Г.П.У Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл и др. Д.О.О.
Адреса:  ул. Борка Талевски број 24,
1000 Скопје, Република Македонија
e-mail: Оваа e-mail адреса е заштитена од spam bots, потребно е Javascript enabled за да ја погледнете.
Телефон: +389 (0)2 3109 795      
Факс: +389 (0)2 3109 795